Почетна Убавина и здравјеТи ја почна оваа војна, те молам стави крај! (ВИДЕО) – Убавина и здравје

Ти ја почна оваа војна, те молам стави крај! (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Директна порака!


Холивудскиот актер, Арнолд Шварценегер го замоли рускиот претседател Владимир Путин да каже „стоп на војната“ во Украина и им порача на руските војници дека нивните животи се жртвуваат за бесмислена војна која ја осудува целиот свет.

Во деветминутното видео објавено на неговиот Твитер профил, актерот и поранешен гувернер на Калифорнија, истакнува дека „силата и срцето на рускиот народ секогаш го инспирирале“.

„Ова не е војна за одбрана на Русија која ја воделе вашите дедовци и прадедовци. Ова е илегална војна“ – наведува Шварценегер.

Тој му се обраќа директно и на претседателот Владимир Путин.


Поврзани објави

„На претседателот Путин му кажувам: Вие ја почнавте оваа војна. Вие ја водите оваа војна. Вие можете да ја запрете оваа војна“ – наведува актерот.

Во описот на снимката тој додава:

„Го сакам рускиот народ. Затоа морам да ви ја кажам вистината“.