„Владата, мнозинството и граѓаните на Република Северна Македонија опстојуваат на европскиот пат по однос на определбите за постигнување на оние предуслови коишто ќе ни го отворат и конечно ќе можеме да го заокружиме нашето патување кон полноправното членство во Европската Унија“, посочи премиерот Џафери. За него, посетата на Брисел е клучна, затоа што може директно да ги пренесе заложбите на Владата за земјата што поскоро да биде дел од европското семејство.
„Посетата е зацртано да биде првично во ЕУ, за да се покаже и практично да се пренесе определбата и заложбата да ги исполниме сите тие предуслови за да може да продолжиме кон европскиот пат“, рече претседателот на Владата, Џафери.