Пречувството се оствариПочина еден од најистакнатите и најуспешните поп-пејачи на поранешна Југославија, Масимо Савиќ. Целата јавност остана во шок по оваа вест, која сите ги изненади. А пејачот неодамна во едно интервју спомна дека се плаши од смртта.Неодамна, популарниот поп-пејач Масимо Савиќ зборуваше за болеста на својот татко и за борбата со леукемија, но зборуваше и за многу теми од својот живот за кои дотогаш јавно не проговорил. Масимо во интервјуто кое го даде зборуваше и за долгот од 20.000 евра.Должев дваесет илјади евра. Јас тој кредит не го ни почувствувава. Финансискиот период ме допре нешто малку. Заштедив многу, научив да бидам столб на моето семејство – изјави тогаш Масимо.Ја презирам смртта од дното на душата. За жал, верувам дека ова е тоа, дека по овој нема живот, изјави Савиќ, сигурно не размислувајќи тогаш дека денот на неговото заминување ќе дојде толку брзо.Тој се наврати на периодот на војната и откри што научил од тој тежок период: Поврзани објавиМногу луѓе ме каснаа, но стигнав до целта без ниту едно скинато парче. Многумина се обидоа да ми застанат на патот. За време на војната имаше секакви инсинуации. Војната ми остави длабок впечаток. Ме научи да не му верувам секому и да го заштитам мојот тесен круг на големи луѓе, само тие што ми стојат во прегратка. Мојата ќерка, сопругата и кучето. Мојата најголема љубов е мојата сопруга – заклучи Масимо во едно телевизиско интервју. Фото: Инстаграм
ЈА ПРЕЗИРАМ СМРТТА ОД ДНОТО НА ДУШАТА, СЕ ПЛАШАМ ДЕКА НЕМА ЖИВОТ ПО ОВОЈ! Масимо Савиќ ја пречувствувал смртта?
81