Почетна ЕкономијаЈСП не доби 11 милиони евра субвенции за да има бесплатен превоз за пензионери оти не гласаа советниците од ВМРО ДПМНЕ

ЈСП не доби 11 милиони евра субвенции за да има бесплатен превоз за пензионери оти не гласаа советниците од ВМРО ДПМНЕ

од nenad
1 минути читај за




ЈСП „Скопје“ не доби субвенции за да спроведе бесплатен автобуски превоз за пензионери и студенти, како и да има пари за плати за вработените. На последната седница на Советот на Град Скопје, која се одржа на 28 декември, на предлог на градоначалничката Данела Арсовска на дневен ред беше точка од буџетот за 2024 година да се префрлат 11 милиони евра на ЈСП „Скопје“, пренесе СДК.

Како што стои во образложението, 140 милиони денари се потребни да се спроведе бесплатниот автобуски превоз за пензионери и студенти, 485 милиони денари за потешкотии во работењето или да може да се подели плата на вработените и 60 милиони денари за функционирање на АВЛ системот и смарт тикетингот.