96
Етничката припадност не може да биде професија, вели премиерот Ковачевски, одговарајќи на прашпањето зошто на Клиниката за гинекологија има оглас за вработување само за лекари со албанска етничка припадност.„Етничката припадност е професија само на Западен Балкан и никаде на друго место во светот“ рече Ковачевски.
Тој, сепак, нагласи дека огласот за вработување на ГАК е според законот.И министерот за здравство, Фатмир Меџити, се согласи дека треба да лекува искуството и знаењето, а не етничката припадност, но и тој додаде дека огласот е според законот.