Почетна БалканПетрушевски објави снимка од инцидентот во Крива Паланка, вели дека тепачката ја предизвикал братот на градоначалникот (ВИДЕО)

Петрушевски објави снимка од инцидентот во Крива Паланка, вели дека тепачката ја предизвикал братот на градоначалникот (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за
Петрушевски објави снимка од инцидентот во Крива Паланка, вели дека тепачката ја предизвикал братот на градоначалникот (ВИДЕО)

Printscreen / Facebook / Brane Petrushevski

Крива Паланка е запоседната од насилниците и криминалците на Николовски и Спасовски, објави на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

-Пред кафе барот Селект во Крива Паланка, кој е во сопственост на градоначалникот Сашко Митовски, околу 1 часот по полноќ се случила масовна тепачка, во која десетина лица се здобиле со тешки телесни повреди и се хоспитализирани. Тепачката ја предизвикал и во неа учествувал и братот на градоначалникот. Инаку, градоначалникот Сашко Митовски во јануари годинава физички нападна полицаец, за што сѐ уште нема одговорност, истакна Петрушевски.

Претпоставувате дека Спасовски ќе се обиде да го забошоти и овој случај, нели? Праша пратеникот Петрушевски.

Извор : Kurir.mk

Петрушевски објави снимка од инцидентот во Крива Паланка, вели дека тепачката ја предизвикал братот на градоначалникот (ВИДЕО)