Според Меџити, изборната програма сега се работи заедно, канцелариите се заеднички, кампањата ќе биде заедничка и на изборните листи на оваа коалиција ќе има членови на Самоопределување.
„Овде сум денес да ја иницираме нашата соработка како Самоопределување, еден вид четврти столб на оваа коалиција веќе формирана овде, за да ја донесеме промената што недостигаше 20 години. Самоопределување, се разбира, не може да седи со скрстени раце“,рече Ќоку.Ќоку ги повика претставниците на Алијансата за Албанците да им се приклучат на опозициските партии на Албанците и додаде дека како поранешен член на Алијанса за Албанците „го познава опозицискиот дух“ на оваа партија.