„Сакам да ви кажам да не се грижите, граѓани на Србија, иако сцените се драматични затоа што ја сакаме нашата земја и град, не сме навикнати некој да ни ги крши прозорците и да ни ја руши куќата. Не грижете се, нема во тек никаква револуција, ништо такво нема да им успее без ние да се потрудиме да не повредиме некој од случајните демонстрант“, кажа Вучиќ.
Приврзаниците на коалицијата „Србија против насилството“ (СПН) кои вечерва протестираат направија обрач околу зградата на Градското собрание на Белград и се обидуваат да се пробијат внатре. Инаку, Русија за протестите велеше дека Западот сака револуција, односно Мајдан на Балканот.