Да бидеш жена е генерална уметност. И секоја дама има свој адут: една се обложува на скап парфем, друга на гламурот, трета на сеопфатна визија.
Но, никој не разбира повеќе од гламурот и убавина, како основачите на модата. Убедени сме дека токму тие најдобро ја знаат женската натура и токму заради тоа ќе ве потсетиме на нивните совети кои треба да ги знае секоја дама.
1. Вистинската жена треба да ја знае цената и да е непостојана. (Кристијан Диор)
2. Возраста не е најважна за една жена – таа може да биде прекрасна на 20, шармантна на 40 и неодолива до крајот на животот. (Коко Шанел)
3. Рацете се визит-карта на жената. Вратот нејзин е лична карта. Градите се меѓународниот пасош. (Коко Шанел)
4. Никогаш не е излишно да се посвети повеќе време за изборот на чевли. Многу жени мислат дека обувките не се важни, но всушност елеганцијата на жената се должи на нозете. (Кристијан Диор)
5. Најубавиот додаток за една жена е најубавиот маж. (Коко Шанел)
6. Не се вовлекувај во трендовите. Не дозволувајте модата да ве поседува, туку сама одлучи која сакаш да бидеш, што сакаш да се изразиш со начинот на кој се облекуваш и на кој живееш. – (Џани Версаче)
7. Секој залак останува две минути во устата, два часа во стомакот и два месеци во колковите. (Кристијан Диор)