Почетна МакедонијаНЕ СУМ ГО СМЕНИЛ БРОЈОТ, БАРАЈ МЕ АКО САКАШ МИР Макрон му упати порака на Путин

НЕ СУМ ГО СМЕНИЛ БРОЈОТ, БАРАЈ МЕ АКО САКАШ МИР Макрон му упати порака на Путин

од nenad
1 минути читај за




Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека не го сменил телефонскиот број и дека неговиот руски колега Владимир Путин може да му се јави доколку има „сериозни предлози“ за мир во Украина.

– Ако претседателот Путин има желба за дијалог и сериозни предлози за придвижување напред, ставање крај на конфликтот и градење траен мир, односно со почитување на меѓународното право, а со тоа и на украинските интереси и суверенитет, јас ќе ја прифатам поканата – рече Макрон во Брисел на конференцијата за новинари по европскиот самит.

   

Макрон додаде дека Франција секогаш ќе биде „сила која ќе помогне и која нема да ги штеди напорите за да постигне резултат“.Во четвртокот Путин потврди дека секогаш бил подготвен за дијалог со францускиот колега, но дека Макрон е тој што не ја гледа поентата на разговорот и затоа ја прекинал комуникацијата.