Почетна БалканСЗО донесе резолуција со која се бара итен медицински пристап до Газа – Курир

СЗО донесе резолуција со која се бара итен медицински пристап до Газа – Курир

од nenad
1 минути читај за
СЗО донесе резолуција со која се бара итен медицински пристап до Газа

WHO / World Health Organization

Извршниот одбор на Светската здравствена организација (СЗО) денеска со консензус усвои резолуција со која се повикува на итна хуманитарна помош за Газа.

Извршниот одбор на СЗО се состана на итна седница за да разговара за она што нејзиниот генерален директор, Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека е здравствена катастрофа, со многу повредени и висок ризик од болести, објави Би-Би-Си.

Резолуцијата повикува на итен и непречен пристап до помошта и на оние кои се борат да го почитуваат меѓународното право. Ова значи дека нема напади врз болници или здравствени работници.

Исто така, потребно е сите затвореници, заложници и Палестинци, да имаат пристап до медицинска нега.

СЗО предупреди дека условите на резолуцијата ќе биде практично невозможно да се исполнат без прекин на огнот.

Извор : Kurir.mk

СЗО донесе резолуција со која се бара итен медицински пристап до Газа