43-годишниот американски актер Меколи Калкин, кој стана познат ширум светот како дете откако глумеше во култната божиќна комедија „Сам дома“, доби своја лична ѕвезда на Булеварот на славните во Лос Анџелес.
На церемонијата организирана во негова чест по овој повод, актерот дојде со неговата свршеница, актерката Бренда Сонг, но вниманието го привлекоа синот Дакота и помладиот син Карсон.
Ова е првпат целото семејство Калкин да се појави во јавноста.
Во одреден момент, Калкин нежно го бакна својот син во главата, а мигот не го го пропуштија фотографите.
Macaulay Culkin proudly poses up with son Dakota who rocks a mohawk https://t.co/WLHWPx39KY pic.twitter.com/44pucQMvUN
— Daily Mail US (@DailyMail) December 2, 2023
На настанот дојде и неговата колешка од „Сам дома“ Кетрин О’Хара, која ја играше мајката на Кевин Мекалистер во легендарната комедија.
Во свечен говор, Калкин и се обрати на својата сакана партнерка.
„Би сакал да ѝ се заблагодарам на Бренда. Ти си апсолутно сè. Ти си мојот шампион. Ти си единствената личност која ми е најголемиот благослов денес. Ти не само што си најдобрата жена што некогаш сум ја запознал, ти си најдобрата личност што некогаш сум ја сретнал. Ти ми даде цел. рече тој, а зборовите ја расплакаа и партнерката.