Почетна ЕкономијаАрсовска го проверува главниот цевковод за вода, ќе се отклони ли една од дилемите околу БРТ?

Арсовска го проверува главниот цевковод за вода, ќе се отклони ли една од дилемите околу БРТ?

од nenad
2 минути читај за




Отпочна втората фаза од Студијата за магистралните водоводни цевководи во Скопје базирана на темелни испитувања и анализи која се прави за прв пат по 60 години, соопшти денеска Градот Скопје. Се работи за реализација на стратешкиот проект од програмата „За модерно Скопје“ на градоначалничката Данела Арсовска за испитување и студија за магистралните водоводни цевководи. Целта е да се утврди состојбата на двата постоечки челични водоводни цевководи, со димензија 1600 милиметри.

   

-Водоснабдувањето на град Скопје од количини на вода кои се расположливи од двата каптажни објекти на изворот Рашче, се движи преку два челични цевководи. Во втората фаза се анализира состојбата на самите цевки во нивниот надземен и подземен дел во општина Ѓорче Петров, состојбата на објектите кои се изградени за правилна експлоатација на цевководот односно армирано бетонските шахти со хидро машинска опрема, мостовската конструкција на надземниот дел од цевководот, како и опремата за активна катодна и останата заштита, се наведува во соопштението.
Од експертите и професорите од Машински факултет кои работат испитувањата на терен треба да изработат прецизна студија за состојба на магистралните водоводни цевководи кои се изградени пред 60 години.

-Студијата треба да даде информации какви мерки треба да се преземат за да се превенираат несакани појави во иднина и да се имаат сите информации за овие клучни цевководи во Скопје. Суштината на изработката на стратешката студија е утврдување на состојбата на двата главни магистрални метални цевководи, едниот кој оди по трасата на булевар „Партизански одреди“ и другиот по булеварите „Словенечка“ и „Босна и Херцеговина“, се наведува во соопштението.

Познато е, состојбата на главната водоводна цевка за Скопје се актуелизира со проектот за воведување на Брзиот автобуски транспорт, чија траса треба да поминува над главната цевка долж булеварот „Партизански одреди“. Овој проблем, односно, прашањето дали главната цевка ќе може да го издржи оптоварувањето и вибрациите, го поставија и советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Скопје кога на последната седница не гласаа за продолжување на проектот за воведување на БРТ.