Opel наскоро ќе ја понуди својата нова Corsa со 48-волтна хибридна технологија.
Системот ќе се состои од 1,2-литарски трицилиндрични бензински мотори во верзии со 100 или 136 КС – двата специјално развиени за хибридниот склоп – и електричен мотор со постојан магнет кој е интегриран со шестстепен менувач со двојна спојка. . Електричниот мотор постигнува моќност од 21 kW (28 КС) со вртежен момент од 55 Nm. Во споредба со „обичната“ верзија, оваа во просек троши дури и литар гориво помалку.
Електричниот мотор може да работи самостојно, но со автономија од само еден километар и до брзина од 30 km/h. Се смета дека тоа е сосема доволно за градско маневрирање, каде што се троши најмногу гориво за најмалку перформанси. Сепак, најдобар ефект е кога моторите работат синхроно, бидејќи тогаш се оптимизираат перформансите и економичноста. Инаку, батеријата од која се напојува електромоторот се полни при забавување, односно со регенеративно сопирање.