Почетна БалканБојан Миовски стрелаше сега против Глазгов Ренџерс (ВИДЕО) – Курир

Бојан Миовски стрелаше сега против Глазгов Ренџерс (ВИДЕО) – Курир

од nenad
1 минути читај за
Бојан Миовски стрелаше сега против Глазгов Ренџерс (ВИДЕО)

Foto:twitter.com/AberdeenFC

Бојан Миовски го постигна петтиот лигашки погодок во оваа сезона и тоа во соочувањето со Ренџерс.

Нашиот репрезентативец имаше одлична завршница во 11 минута и му донесе предност на неговиот Абердин во ова дерби.

Домаќините долго ја имаа оваа предност и тоа се до 94 минута кога беше досуден пенал за гостите кој беше искористен од Таверние за конечни 1-1.

Абердин со 13 бода е на 9 место на табелата, Бојан пак има два бода од првиот стрелец во лигата, капитенот на Ренџерс, Таверние.

Извор : Kurir.mk

Бојан Миовски стрелаше сега против Глазгов Ренџерс (ВИДЕО)