Почетна БалканВАРДАР КЛУБ НА НАРОДОТ: Како некогаш, утре собир на Фонтана во Градски Парк – потоа голема поддршка за фудбалерите!

ВАРДАР КЛУБ НА НАРОДОТ: Како некогаш, утре собир на Фонтана во Градски Парк – потоа голема поддршка за фудбалерите!

од nenad
1 минути читај за
t

На својата официјална страница, навивачката група „Комити“ го објавија следново:

ПОНЕДЕЛНИК – ВАРДАРОВ ДЕН!

Поради симболиката, и огромната заинтересираност, тренингот во понеделник ќе се одржи на стадионот на АРМ, веднаш до Градскиот стадион, домот на ФК Вардар!

Собирот, како некогаш, ќе започне на Фонтаната во Градскиот Парк, од 18:00ч.

На собирот ќе се одржи продажба на маичките “Вардар – клуб на народот”, а покрај тоа и сите присутни ќе се запознаат со начелата, на најголемата акција за купување на членските карти, со кои ќе може да се проследат сите домашни натпревари на ФК Вардар, за наредната 2023/24 сезона.

Во 18:45ч ќе се упатиме сите заедно, кон стадионот, каде што ќе им ја дадеме најважната поддршка на нашите херои!

Сега е потребно присуство, повеќе од било кога претходно. Клубот е целосно во рацете на навивачите, на народот, а тоа треба да биде и повеќе од доволна причина за присуство. Ти си Вардар, нема никој друг, затоа дојди!

СИТЕ НА ТРЕНИНГ – ЗА КЛУБОТ НА НАРОДОТ!