Одличен концерт!Во саботата во спортскиот центар „Јане Сандански“ во населбата Аеродром спектакуларен концерт одржаа момците од „Next Time“ и направија ноќ за паметење.Во еден глас неколку илјадната публика ги пееше големите хитови на познатото дуо и направија атмосфера каква ретко се гледа на концертите…Фронтменот Стефан изјави дека за овој момент чекале цели 15 години, но дека вредело.„ Чекавме 15 години за во ваква голема сала да одржиме концерт. Ви благодариме на сите што ја поддржувате македонската музика, затоа што во ова време ѝ е многу потребно на Македонија да се одржува културата и традицијата. И ние и вие сме главна причина што оваа причина уште трае. Да сте живи и здрави“ – изјави во првите неколку минути од концертот. Поврзани објавиГости на концертот беше и познатиот кавалџија Гоце – Синтезис, виолинистот Виктор Ангелов, како и популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано.Во првите редови од публиката беше мајката на Стефан и Мартин, која е нивната најголема поддршка.Погледнете во неколку фотографии како беше на концертот:
„Next Time“ направи концерт за паметење! (ФОТО) – Убавина и здравје
79
претходен текст