106
Повредениот директор на Рускиот дом во Централноафриканска Република (ЦАР), Дмитриј Сити ќе биде евакуиран во Русија. Според Амбасадата на Русија, здравствената состојба на Сити е тешка и лекарите се борат за неговиот живот. Сити е повреден откако добил пратка со експлозивна направа. Пратката била испратена од главниот град на Того, Лома. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва очекува да бидат идентификувани и казнети одговорните за убиството на директорот на Рускиот дом во ЦАР.