Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди се одбележува од 1993 год.
, а во 2005 година ООН го прогласи за светски ден кој се одбележува секогаш во недела во третата седмица од месецот ноември.
Оваа година на 19 ноември бројни релевантни институции и организации од целиот свет се ангажираат за да се потсети јавноста на милионите лица кои загинале или биле повредени во сообраќајни незгоди, да им се даде помен на истите, но и за да се подигне свеста кај учесниците во сообраќајот за последиците од сообраќајните незгоди со цел да се намали бројот на загинати и повредени.
.
Извор: МИА