Тој информира дека државата има определено финансиски средства и во буџетот за 2023 година во висина од 250 милиони евра за справување со економско – енергетската криза.Ковачевски и генералниот директор на АД МЕПСО, Орхан Муртезани, денеска присуствуваа на започнувањето на градба на 110 киловати далекувод Велес-Овче Поле. Со овој објект се зајакнува квалитетот на преносливоста, стабилноста и се намалуваат загубите на високонапонска електрична енергија, што е од голем јавен интерес во услови на глобална енергетска криза.Инвестицита е 2,3 милиони евра, а Ковачевски истакна дека проекти како овој придонесуваат за намалување на техничките загуби, обезбедуваат доверливост на мрежата, сигурност во напојувањето, интеграција на обновливи извори на енергија и стабилност на целиот електроенергетски систем во државата.„Токму во велешко-овчеполскиот регион се и најголемите инвестиции во делот на обновливи извори на енергија, на државно земјиште во селото Амзабегово, 25 MW фотонапонска централа, на потегот Овче Поле – Штип ветерната електрична централа Богословец од 36 MW, а во најава е и изградба на фотонапонска централа кај селото Ерџелија и инвестицијата на француската Акио Енерџи во 400 мегаватна фотонапонска централа“, рече Ковачевски.
Ковачевски: Можно е намалување на цената на електричната енергија за малите потрошувачи
88