Центарот за управување со кризи, на денешната прес конференција која ја одржа директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, укажа дека од страна на загрижени граѓани пред половина година е добиена пријава за постоење на опасност на кејот на реката Вардар во Скопје, на потегот позади хотел Русија во насока на мостот Близнак. Од страна на ЦУК е излезено на лице место и е констатирана провалија длабока триесетина метри, со безмалку вертикална страна која во должина од педесетина метри ја следи ивицата на горната пешачка патека и претставува голема опасност за пешачите, велосипедистите и лицата кои со електрични тротинети се движат на овој потег, особено ноќно време кога видливоста е значително намалена.
Стојанче Ангелов:Провалија длабока 30 метри кај кејот на Вардар во Аеродром. Да се огради додека некој не настрадал
102