92
Според него, победата на Русија во Украина не само што би била трагедија за Киев, туку би претставувала и ризик за НАТО, бидејќи би го направила ранлив.
-Мора да продолжиме да им го даваме на Украинците оружјето што им е потребно за да останат силни на бојното поле, за утре да бидат силни на преговарачката маса – додаде Столтенберг.Тој изјави дека во најдобар интерес на НАТО е да продолжи да ја поддржува Украина.
-Воената поддршка за Украина треба да го приближи долгорочното и праведно решение за кризата – одговори Столтенберг на прашањето за ризиците од намалувањето на помошта за Украина додека конфликтот се одолжува.