„Убедени сме дека властите во Ереван прави огромна грешка обидувајќи се намерно да ги урива повеќеслојните и вековни врски на Ерменија со Русија и да ја претвори земјата во заложник на геополитичките игри на Западот“, се вели во соопштението на Министерството.
Руското МНР ја критикуваше и вчерашната порака за независност на ерменскиот премиер Никол Пашинјан. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан синоќа изјави дека се зголемува веројатноста етничките Ерменци да избегаат од отцепениот регион Нагорно-Карабах и ја обвини Русија за неуспехот да ја обезбеди ерменската безбедност.
Минатата недела Азербејџан ги принуди Ерменците од Нагорно-Карабахда се согласат на прекин на огнот според условите на Баку со кратка, ефективна офанзива. Оттогаш, илјадници етнички Ерменци го напуштија регионот. Баку вети дека ќе ги заштити правата на речиси 120.000 луѓе кои живееле во Нагорно-Карабах, но тие се плашат од етничко чистење.