Почетна БалканРускиот министер за надворешни работи Лавров вели дека Западот и Русија се во директен судир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Лавров вели дека Западот и Русија се во директен судир во Украина

од nenad
1 минути читај за
t

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во седиштето на ООН во Њујорк изјави дека западот директно се бори против Русија во Украина и кажа дека тоа е хибридна војна со која се менува реалноста. Тој вели дека секој може да го интерпретира помаѓањето на западните земји на Украина како што сака, но реалноста е дека Русија и Западот се во директна борба.

„Тоа што тие де факто се борат против нас користејќи ги Украинците, мислам дека сите овде што се заинтересирани за ситуацијата во Украина многу добро знаат дека Американците, Британците и другите се борат пред се за да обезбедат се повеќе и повеќе оружје, изјави шефот на руската дипломатија.

Тој рече и дека во заеднички интерес на сите е да се спречи војна од поголеми размери и да се спречи колапсот на механизмите за меѓународна соработка поставени во ООН. Од друга страна, САД и европските земји кои испорачуваа системи за вооружување на Киев од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, инсистираат на тоа дека не се во војна со Москва, туку и помагаат на Украина да се одбрани.

Лавров вчера од Њујорк порача и дека мировниот план од 10 точки на официјален Киев е потполно неизводлив и нереален, и вели дека иако сите го знаат тоа, константно се вели дека овој план е единствената основа за преговори помеѓу Украина и Русија. Затоа, вели Лавров, војната ќе биде решена на бојното поле.