Украински воени генерали и други воени лица се под истрага поради колапсот на јужниот фронт во првите денови од конфликтот со Русија.
Украинските правосудни органи заедно со полицијата, Државното биро за истраги (DBR) и Државната безбедност на Украина (SBU), почнаа со истрага над повеќе високи воени лица за случувањата на југот од земјата во првите денови од руската офанзива кога започна војната, објави БиБиСи Украина, цитирајќи извори.
Повеќе од 50 лица до сега се испрашувани во истрагата, според медиумот. Полицијата во земјата сака да ги разјасни околностите кои доведоа до брз пробив на руската армија на југот во Украина и неуспехот да се уништат мостовите кои водат од Крим до Херсон за да се спречи нивното напредување.
.