Хрватската полиција уапсила маж од околината на Задар под сомнение дека пет години сексуално злоставувал шест годишно девојче.
„Задарски лист“ објави дека девојчето било силувано во последните пет години, а дека сега има 11 години.
Според неофицијални информации, семејството на девојчето изнајмувало куќа од постар маж, кој е осомничен за педофилија.
Девојчето наводно долго молчело за злоупотребувањето, а на крајот се пожалило кај училишниот психолог кој го алармирал системот.
Поради малолетната жртва и чувствителноста на случајот, полицијата нема да дава информации за случајот, а портпаролката на полициската управа Задар рече дека на овој начин се обидуваат да избегнат понатамошна виктимизација на жртвата.
