Актерот Бен Афлек бил фотографиран од папараците во друштво на својата поранешна жена Џенифер Гарнер.
Поранешните сопружници заедно дошле по својатаќерка Серафина, по завршување на часовите на училиште.
Афлек возел, додека таа седела на задното седиште, но на фотографиите изгледаат многу блиски.
Поврзани објави
Кога им се придружила ќерката, седнала на совозачкото седиште, покрај татко и. Се чини дека семејството е во одличен однос, а тоа се гледа и на видеото, бидејќи тие цело време зборуваа и се смееја. Дури во еден момент Бен ја наведнал главата накај Џенифер.
После некое време тие се разделиле, актерот ја однел поранешната сопруга до нејзиниот автомобил. Шок-фотогафиите го обиколија светот, а многумина се прашуваат како ќе рагира сегашната сопруга на Бен, поп-дивата Џенифер Лопез.
Да потсетиме, Џенифер Гарнер и Бен Афлек се разведоа во 2018 година. Заедно имаат три деца и сите се во одлични односи.