Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ги собраа бројните познати лица од регионалната естрада на големата роденденска прослава за нивните ќерки Атина и Ника, која се одржа во елитен белградски хотел. Покрај раскошната атмосфера и забавата, вниманието на присутните го привлекоа и луксузните модни изданија, чија вредност достигнува астрономски суми.
Атина блесна во златен фустан украсен со впечатливи детали, вреден 2.380 евра. Изданието го надополнила со „Chanel“ чанта од околу 6.000 евра, додека на раката носела и златен часовник „Cartier Panthère“ на нејзината мајка, чија вредност се проценува на неверојатни 38.400 евра.
Помладата Ника, пак, се одлучила за нежна и романтична розова комбинација. Нејзиниот фустан со кристали, според информациите за стајлингот, чинел околу 2.000 евра.
Секако, во центарот на вниманието била и гордата мајка. Јелена Карлеуша се појавила во уникатна проѕирна креација со кристали, изработена во скопско модно ателје, чија вредност изнесува околу 30.000 евра. Поп-дивата направила интересен контраст, па луксузната креација ја искомбинирала со чантичка од само 50 евра.
Поврзани објави
Душко Тошиќ, за разлика од дамите, се одлучил за класика и се појавил во елегантен црн смокинг, кој совршено се вклопил во свечениот амбиент.
На гламурозната прослава пристигнаа и бројни естрадни ѕвезди, кои не разочараа со своите модни избори. Сека Алексиќ се појави во сив фустан од „Rick Owens“, вреден околу 700 евра, додека Гога Секулиќ, која неодамна ослабе 15 килограми, привлече внимание со своето издание од „Dolce & Gabbana“.
Драгана Мирковиќ доби бројни комплименти за елегантниот црно-бел комбинезон, а својот печат на вечерта го оставија и Ана Бекута, Мира Шкориќ, Андреана Чекиќ, Милица Тодоровиќ и Индира Радиќ.
Роденденската прослава така се претвори во вистинска ревија на гламурозни комбинации, а вниманието не го привлекоа само славеничките, туку и впечатливите стајлинзи и сумите што беа вложени во нив.