Почетна БалканДали се согласувате? Македонија се враќа на Евросонг?

Дали се согласувате? Македонија се враќа на Евросонг?

од nenad
1 минути читај за
t

Во Програмата за работа на МРТВ, се најавува буџет и намера по ланскиот прекин на учество во Евровизија, следната 2024 година да биде избрана и претставена наша песна претставничка на Евровизија.

„Програмата на Македонската Радио Телевизија во 2024 година ќе биде одбележана и со учеството на Изборот за песна на Евровизија 2024 година каде што ќе бидат презентирани македонските музички вредности преку песната – учесничка на овој фестивал“, пишува во Програмата.

За оваа новина информираат и официјални музички сајтови, кои даваат хронологија на учеството на македонските претставници во Евровизија. Предвидените 1,5 милиони денари се однесуваат и на јуниорската Евровизија.

Се уште нема официјална потврда од националниот сервис, но профилот на Евросонг на Х (Твитер) ја потврди оваа информација.