Ќе повикам на разум и пред се интерес на граѓаните на Град Скопје, на страна 12 од програмата За Модерно Скопје, вели нови еколошки автобуси и јавен транспорт, нашата цел е поефикасно извршување на јавниот превоз како и заштита на животната средина, тагично е кога координаторот на советничката група која наводно победил со оваа програма, не може да ја дослуша точката, ја цитираше програмата на денешната седница на Советот на Град Скопје, заменик-градоначалникот и советник во Советот, Александар Трајановски.
– Ова е втора година од нашите мандати, ова е веќе четврти пат, можеби и петти како се наоѓа оваа точка на дневен ред, затоа што некој прехтдно протизволно од некојси за него само јасни толкувања одлучи дека истата треба да биде отстранета.
Јас не можам да најдам поголем интерес за граѓаните на Скпје од модернизација на возниот парк на ЈСП и електрични автобуси, тој тренд треба да е почест, на секои 5-6 години, само така ќе се подигне квалитетот на услигата и ќе се намали загадувањето.
Интересот на градот и граѓаните треба да биде приоритетен, во претходните расправи дури и градоначалникот јасно и децидно кажа дека не се битни условите за кредитното задолжување, можеме заедно да одлучуваме за банката, овде ќе бидат презентирани сте каматни стапки и услови, но истото е од круцијално значење да влезе во реализација. Очекувам истата точка да биде изгласана и да продолжиме понатака со успешна работа, апелираше Трајановски.
