Даниела Димитровска вака реагираше на прашањето за поранешниот сопруг.
Даниела Димитровска се појави на настан во главниот град. Таа разговараше со припадниците на седмата сила за тоа што се случува во нејзиниот живот во моментов.
Даниела неодамна заплови во водителските води, а сега откри како се снаоѓа во оваа улога.
Се’ уште не можам да кажам дека сум водителка, бидејќи има многу колеги кои работат со години, а јас дури годинава почнав да се подготвувам за таа улога. Наскоро почнуваме со програмата, едвај чекам да ја погледнете и да ја оцените. Нема да ти кажам ништо. Секогаш ме привлекуваше телевизијата, добивав понуди и порано, но досега не бев подготвена. Мислам дека сега е вистинското време и место – изјави Даниела.
Поврзани објави
Новинарите прашаа дали ѝ пречи што секогаш на интервјуата добива прашања за нејзиниот поранешен сопруг Огњен Амиџиќ, кој очекува дете со новата девојка, но таа не сакаше да зборува за него.
Не зборувам за тоа – кратка беше Даниела.