107
Поделени во групи со различни активности децата учат преку игра и се социјализираат.
Како Влада и Министерство грижата за секое дете ни е приоритет. Преку креирање на соодветни политики, вложување во капитални инвестиции и човечки ресурси, обезбедуваме квалитетен раст и развој на децата од предучилишно образование.
Се уверивме дека условите во оваа градинка се одлични и целосно ги задоволуваат стандардите за објекти за згрижување на деца.
Градинката е подновена со нова фасада, кров и реновирани простории, инвестиција на Општина Центар, која е пример за грижа за објектите под нивна надлежност.
Библиотеката на градинката беше збогатена со детска литература, донација од Министерството за култура.
Вложувајќи во децата, вложуваме во нашата иднина!

Разиграно утро обоено во сите бои, музика и песна во детската градинка „13 ноември“-објект Беко!
