Викторија Бекам се појавила на забава во Лондон, додека папараците уловиле фотографии од нејзината нога со набрчкана кожаМодната дизајнерка Викторија Бекам со години наназад привлекува внимание со својот изглед, со успесите, како и со семејните односи, додека нејзината животна приказна е како од филм.Кога станува збор за кариерата, се чини дека на Викторија ѝ нема рамна и таа е една од најдобрите во својата работа. Дизајнерката организирала божиќна забава во Лондон, која истовремено била и промоција на нејзината облека и козметичка линија.Викторија, како и секогаш, имала поддршка од семејството, па на настанот се појавиле нејзините деца Ромео, Круз и Харпер Севен. Интересно е што најстариот син Бруклин не се појавил, додека Дејвид оправдано отсуствувал со оглед на тоа што моментално престојува во Катар, на Светското фудбалско првенство. Поврзани објавиВикторија и овој пат покажала дека е голем моден експерт. Нејзината модна комбинација сите ги оставила без здив. Облекла виолетова ролка и длабоко здолниште со прорези кое ѝ ги истакнало нозете.Меѓутоа, фотографијата што по забавата излегла во јавност, предизвикала голем хаос. Имено, папараците уловиле фотографија на која се гледа дека нејзината десна нога е многу набрчкана и чудна.Познато е дека дизајнерката никогаш не излегува несредена во јавност, но сепак овој пат работите ѝ излегле од контрола. И покрај тоа, Викторија засекогаш ќе остане симбол на елеганција и префинетост.
Дали модната икона остарела прекуноќ? – Убавина и здравје
106