„Одлучив да ди го сакам телото“
Поранешниот модел на Victoria’s Secret, Џој Кориган донесе одлука да ги отстрани имплантите во градите, а за тоа објави снимки на својот Инстаграм профил.
„Бев преплашена да одам на операцијата, но штом сѐ се заврши почувствував олеснување и слобода и веднаш знаев дека го направив вистинскиот избор и бев горда што си ја следев интуицијата. Да си го сакам сопственото тело е нов концепт за мене и за овој чин на љубов телото ќе ми биде благодарно“ – вели манекенката.
Џој одлучила да ги отстрани имплантите откако имала симптоми на „болест предизвикана од импланти на гради“, кои вклучуваат постојан замор, болки во мускулите, конфузија, чешање на очите и голем број други симптоми.