Соединетите Американски Држави продолжуваат силно да го поддржуваат дијалогот со посредство на Европската унија како начин за постигнување мирни и продуктивни односи меѓу Косово и Србија, соопштија денеска од Амбасадата на САД во Приштина во пресрет на новата рунда дијалог на највисоко ниво во Брисел, и истакна дека страните треба сериозно да ги разберат обврските кои произлегуваат од Охридскиот договор, вклучително и ЗСО.
„Бараме Косово и Србија сериозно да ги сфатат своите обврски од договорот за нормализација што го постигнаа на почетокот на оваа година и да почнат да напредуваат во исполнувањето на нивните постоечки и претходни обврски од Охридскиот дијалог и договор, вклучително и формирањето на Заедницата на српските општини. изјави портпаролот на амбасадата на САД во Приштина за Газета експрес.
Според американската амбасада, конструктивниот ангажман и искрените напори на Косово и Србија за нормализирање на односите ќе донесат трајни придобивки за граѓаните, вклучително и економски раст и долгорочна регионална стабилност.