Почетна ПопуларноОсмани денеска на средба со Столтенберг во Брисел

Османи денеска на средба со Столтенберг во Брисел

од nenad
1 минути читај за
t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, министерот Османи ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Покрај средбата со генералниот секретар на НАТО, како што најавија од МНР, министерот Османи ќе се сретне со високи претставници на ЕУ. Во рамки на посетата министерот ќе одржи и брифинг во Центар за европски политики на тема „Северна Македонија и ЕУ: Движејќи се кон повеќе интеграција“.
Работната посета на Брисел Османи ќе ја заврши со присуство на прием по повод Денот на независноста на Македонија во организација на нашите мисии во ЕУ и НАТО и Амбасадата на Македонија во Белгија.

.