Според светскиот сајт Ворлд топ импортс, Македонија е на 98. место меѓу стоте најголеми увозници на млеко и лани за таа намена се одлеале 28,6 милиони долари, што е зголемување од 32,5 отсто во однос на 2018 година. Во исто време, во 2022 година за увоз на сирење се потрошени 32,3 милиони долари, што земјава ја позиционира на 83. место меѓу стоте најголеми увозници на овој млечен производ
Македонскиот пазар е преплавен со увозно млеко и разни видови жолти сирења (ајдамер и гауда), а кусите рокови за употреба ги урнаа нивните цени по маркетите. Се добива впечаток дека добар дел од вишоците млеко од европските држави се слеале во нашите маркети. Така, деновиве може да се најде литар млеко и по 55 денари, иако само до пред некој месец бевме среќни ако во поевтините супермаркети го најдеме и за 70 денари. Жолтите сирења, пак, се продаваат и по цени пониски од 400 денари за килограм, што е далеку поевтино од домашните кашкавали. Од Националната федерација на фармери велат дека најголема закана за млекопроизводството е немањето работна сила, кое ги тера земјоделците да се откажуваат од своите стада, што е евидентно преку намалувањето на бројот на млечни крави, овци и кози.
– Нема овчари, младите бегаат од сточарството. Тоа е разочарувачки податок, кој се пресликува низ се помалиот број молзници. Точно е дека поради војната во Украина сточната храна е драстично поскапена, но ја има – велат во НФФ за „Слободен печат“.
Пред десетина дена премиерот Димитар Ковачевски рече дека не очекува млечна криза поради војната во Украина. Тој најави и сет мерки, но на последната владина седница, освен за грозјето, нема ниту збор за тоа каква криза нè очекува, кои се причините и какви мерки ќе преземе државата да ја спречи?! Во меѓувреме граѓаните се збунети, но велат дека немаат ниту сила ниту финансии да трупаат залихи на млеко или млечни производи.
– Цел месец продаваме млеко од една домашна млекарница оти рокот му е до средината на септември, а цената му е поевтина за речиси 30 отсто – велат во една продавница во Аеродром.
Државава е нето-увозник на млеко и млечни производи и тоа главно од Словенија, Германија, Хрватска, Полска, Србија и БиХ. Според светскиот сајт Ворлд топ импортс, Македонија е на 98 место меѓу стоте најголеми увозници на млеко и лани за таа намена се одлеале 28,6 милиони долари, што е зголемување од 32,5 отсто во однос на 2018 година. Во исто време, во 2022 година за увоз на сирење се потрошени 32,3 милиони долари, што земјава ја позиционира на 83 место меѓу стоте топ увозници на овој млечен производ. Инаку во однос на 2021 година, ова е зголемување од 8,3 отсто.
Производството на млеко во Република Македонија се карактеризира со голем број мали фарми – традиционални фармери (75 отсто од вкупниот број) кои имаат нископродуктивни 1-3 крави со ниско годишно производство на млеко од 2-3 илјади литри по крава. Многу е мал бројот на големи специјализирани фарми со повеќе од 20 крави (околу 3 отсто од вкупниот број) со висока продуктивност и годишно производство на млеко околу 5 илјади литри по крава. Само 1 отсто од фармите имаат повеќе од 50 грла и треба да бидат носители на производството на квалитетен генетски материјал за преостанатите фарми (репродуктивни центри), покажуваат податоците на Стопанската комора на Македонија.
Инаку, еден литар трајно млеко од домашните производители чини повеќе од 65 денари, а откупната цена на млекото е од 13 до 25 денари. Така, и покрај тоа што потрошувачите плаќаат високи цени, производителите на млеко не се задоволни со откупните цени и сè повеќе го губат интересот за сточарството. Млекопроизводителите тврдат дека во нашата држава целосно се откупува домашното млеко и тоа се должи на намалувањето на сточниот фонд во државата. Во периодот од 2015 до 2019 година, имаме намалување за 11.200 одгледувалишта, а секторот бележи пад на вкупниот број говеда за 25 проценти.
var penciCommentCallback = function ( response ) { jQuery.ajax( { type: 'GET', dataType: 'json', url: 'https://maktel.mk/wp-admin/admin-ajax.php', data: { action: 'penci_clear_fbcomments', post_id: '' } } ) };
FB.Event.subscribe( 'comment.create', penciCommentCallback ); FB.Event.subscribe( 'comment.remove', penciCommentCallback ); }; (function ( d, s, id ) { var js, fjs = d.getElementsByTagName( s )[0]; if ( d.getElementById( id ) ) { return; } js = d.createElement( s ); js.id = id; js.src="https://connect.facebook.net/en_US/sdk.js#xfbml=1&version=v3.0&appId=348280475330978&autoLogAppEvents=1"; fjs.parentNode.insertBefore( js, fjs );
window.fbAsyncInit = function () { FB.init( { appId: '348280475330978', autoLogAppEvents: true, xfbml: true, version: 'v3.0' } ); };
}( document, 'script', 'facebook-jssdk' ));


