Почетна БалканСити и Тотнем безмилосни, хет-трикови на Халанд и Сон, Челси од очаен – поочаен

Сити и Тотнем безмилосни, хет-трикови на Халанд и Сон, Челси од очаен – поочаен

од nenad
1 минути читај за
t

Манчестер сити и Тотнем безмилосно со по пет гола ги наполнија Фулам односно Барнли, ама повторно хит во англискиот фудбал е Челси со нов очај – пораз од Нотингем Форест во Лондон.

Може Челси да потроши уште една милијарда евра на засилувања, после рекордното расфрлање за нови фудбалери, ама резултатите нема да се подобрат, а срамовите само ќе продолжат, зашто прескапиот тим од Лондон наместо да покажува напредок, игра се поочајно и поочајно.

Еланга во 48-та минута даде гол вреден три бода за „шумарите“, а само ја продлабочи мизеријата на Челси, кој од четири меча има едвај четири бода и само еден триумф, па Тед Боели е за потсмев со расфрлањето на купишта пари за ништо, бидејќи само што почна сезоната, а негвоиот клуб веќе ги загуби шансите за титула која најавуваше дека ќе ја освои.

Првакот Манчестер сити со 5-1 го здроби Фулам за петфектни четири од четири и 12 бода како лидер. Ерлинг Халанд даде хет-трик, а Хулијан Алварез и Нејтан Аке скоро ја обезбедија победата уште во првото полувреме.

Тотнем безмилосно го збриша Барнли на гостувањето со победа со 5-2 со хет-трик на Сон и по еден гол на Кристијан Ромеро и Џејмс Мадисон, за 10 бода на лондончани при самиот врв, колку што има и Вест Хем, кој славеше вчера кај Лутон.

Брентфорд и Бормут ремизираа 2-2, како и Шефилд јунајтед и Евертон.