Почетна ЕкономијаУкраинците тврдат дека откриле соба каде Русите мачеле деца

Украинците тврдат дека откриле соба каде Русите мачеле деца

од nenad
1 минути читај за


Украинските власти тврдат дека откриле соба каде Русите мачеле деца.Истражители открија „соба за мачење“ во неодамна ослободениот град Херсон, каде што руските сили наводно држеле и малтретирале деца. Децата трпеле психичка тортура. Руските војници им рекле дека родителите ги оставиле и дека никогаш нема да се вратат дома.

„Руските сили ги држеле децата во, како што ги нарекоа, „детски ќелии“ и им давале многу малку вода и речиси воопшто храна“, изјави шефот на украинската канцеларија за човекови права, Дмитро Лубинец, повикувајќи се на сведоштва на жителите на Херсон.

Вели дека по Буча и Ирпин, дното е достигнато во Херсон.  „Гардијан“ пишува дека овие тврдења не се независно проверени, а руската страна уште не ги коментирала. Новинарите на „Гардијан“ претходно посетија друга „соба за мачење“ во Херсон. Украинската страна тврди дека таму руските војници привеле десетици мажи кои ги тепале, мачеле и убиле. Во Украина досега се откриени повеќе масовни гробници. Украинците тврдеа дека во некои села Русите ги закопувале живи луѓето и со гас маска ги задушувале.