Почетна ВестиЧленки на НАТО: Белорусија да ги отстрани борците на „Вагнер“

Членки на НАТО: Белорусија да ги отстрани борците на „Вагнер“

од nenad
1 минути читај за




Полска и балтичките држави Литванија, Летонија и Естонија побараа итно повлекување на руските борци од приватната војска Вагнер од Белорусија.

„Го повикуваме режимот во Белорусија да им откаже гостопримство на припадниците на платеничката група Вагнер, како и да ги повлече илегалните мигранти од граничната област и да ги врати во нивните татковини“, се вели во заедничкото соопштение на министрите за внатрешни работи на четирите земји по нивната денешна средба во Варшава, Полска.

   

Четири членки на НАТО и ЕУ, кои ја поддржуваат Украина во борбата против руската инвазија, побараа од властите на Белорусија веднаш да ги отстранат платениците на групата „Вагнер“ од нејзината територија.

Минатонеделната ненадејна смрт на лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, во авионската несреќа во Русија, покрена прашања за иднината на платеничката паравојска, која полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински ја опиша како „исклучително опасна“ и „деморализирана“. Тој, исто така, кажа  дека платениците на „Вагнер“ претставуваат закана за граѓаните на Белорусија и за целиот регион.

Според декретот од петокот, објавен на веб-страницата на Кремљ, рускиот претседател Владимир Путин им наредил на борците на „Вагнер“ да потпишат заклетва за верност кон руската држава.