Почетна ЕкономијаИДЕЈА НА РУСКИ ПОЛИТИЧАР: Србија да одржи референдум и да се приклучи на Русија

ИДЕЈА НА РУСКИ ПОЛИТИЧАР: Србија да одржи референдум и да се приклучи на Русија

од nenad
1 минути читај за


Србија може да се приклучи на Русија по референдум, ако тоа е волја на народот. Ова го тврди заменик-претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на руската Дума, Алексеј Чепа. Тој во интервју за радио „Говорит Москва“ изјави дека одлуката за пристапување на Србија кон Русија зависи од волјата на српскиот народ. Сепак, вели не се знае колку е тоа реално, затоа што не се работи за волјата на српскиот претседател Александар Вучиќ, туку за народот.„Тоа треба да го реши народот на референдум. Треба да се почитува волјата на народот, за подоцна никој да не рече дека тоа е окупација, преземање и рушење.

Ќе има голем број на противници на оваа идеја, така што во овој случај сè мора да биде чисто“, изјави рускиот политичар.Србија сè уште не се произнесе по оваа изјава, но таа е земја која досега не воведе санкции за Русија и Белорусија поради руската инвазија на Украина. Советот на Европската Унија вчера изрази „длабоко жалење“ поради уназадувањето на Србија во усогласувањето со надворешната политика на Унијата и одбивањето да воведе санкции против Русија.Србија е земја каде голем број руски граѓани сега живеат откако избегаа од мобилизацијата.