-Нека формираат влада, но кога ќе заврши медениот месец, нека нема изненадувања. Кога ќе заврши медениот месец, што би рекле младите, ќе се земат пуканки и тогаш ќе почне приказната, рече Абазовиќ, одговарајќи на прашања од новинарите во Подгорица.Тој посочи дека Црна Гора нема да има поинклузивна влада од неговата, додавајќи дека сега сите се застапени во неговата влада.
-Им посакувам се најдобро, само се чека тортата да не запавлачи“, изјави Абазовиќ.Тој изјави дека нема да ја извршува функцијата пратеник се додека не се избере новата извршна власт, како и дека не може да поднесе оставка од премиерската функција бидејќи, како што рече, нема кој да го замени.
-Законот не предвидува вакво нешто и затоа што побрзо да се избере новата влада. Тоа е тоа. Некој треба да управува со државата, рече Абазовиќ.Движењето „Европа сега“ предводено од Милојко Спајиќ синоќа одржа состанок, по кој беше соопштено дека постои апсолутна согласност меѓу членовите на партијата околу формирањето на 44-та влада.
Спајиќ ги информираше колегите пратеници од партијата како ќе изгледа новата Влада на Црна Гора, кој ќе ја сочинува и кои ќе бидат нејзините главни приоритети.На средбата не беа поканети претставниците на ЦИВИС и Обединета Црна Гора, кои одделно преговараат со мандатарот.Како што информира РТЦГ, во сегашната ситуација, дел од новата влада би можеле да бидат ПЕС, Демократска Црна Гора, партиите на малцинствата и СНП на Црна Гора.