Бројот на бездомни кучиња низ Тетово се зголемува, но општината, очигледно според состојбата на терен, не презема никакви мерки за решавање на проблемот.
Видеата доволно говорат за проблемот во градот, особено во ноќните и утринските часови кога е ризично да се помине во секое тетовско мало, особено во центарот на градот.
Бездомните животни се на улиците, на тротоарите од едната и од другата страна, па освен со возило, тешко дека некој би се осмелил да помине покрај нив.
-Опасно е со кучињата скитници, навечер е ризично за младите кои излегуваат, се враќаат дома со страв и паника, а често и се напаѓани од бездомните животни. Но и во утринските часови опасно е за оние кои одат на работа прва смена, не можат слободно да се движат, насекаде има кучиња скитници – вели еден тетовец.
-Тоа се чопори од десетина кучиња, нема шанси да се одбраниш. Мислам дека ги има илјадници низ градот. Страшно стана да се движиш низ Тетово. Ако не се на тротоар, ги има на улица, ако не се на улица ќе ти излезат од некој сокак. Општината мора да преземе некои мерки – изјави една тетовка.
Од Општина Тетово, моментално не преземаат никакви активности за згрижување на кучињата скитници. Соработката со Здружението „Амос шелтер“ кое залови 82 кучиња им заврши и сега состојбата е статус кво, а бројката на бездомни животни од ден на ден се зголемува.
Општинските власти во неколку наврати се правдаа дека се носат кучиња скитници од другите општини во Тетово, затоа бројката на бездомни животни во Тетово од ден на ден расте. Оттаму најавија дека во соработка и координација со државните власти, ќе изнајдат начин за заеднички пристап и решавање на проблемот.
Пред околу половина година, Општината објави и Правилник за начинот и постапката на утврдување и исплата на надомест на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња.
Целта е како што посочија оттаму, Општина Тетово да им излезе во пресрет на граѓаните, со тоа што процедурите за вакви случаи се поедноставуваат, воедно и се намалуваат, односно се избегнуваат судските трошоци, како и трошоците за извршители и адвокати.
var penciCommentCallback = function ( response ) { jQuery.ajax( { type: 'GET', dataType: 'json', url: 'https://maktel.mk/wp-admin/admin-ajax.php', data: { action: 'penci_clear_fbcomments', post_id: '' } } ) };
FB.Event.subscribe( 'comment.create', penciCommentCallback ); FB.Event.subscribe( 'comment.remove', penciCommentCallback ); }; (function ( d, s, id ) { var js, fjs = d.getElementsByTagName( s )[0]; if ( d.getElementById( id ) ) { return; } js = d.createElement( s ); js.id = id; js.src="https://connect.facebook.net/en_US/sdk.js#xfbml=1&version=v3.0&appId=348280475330978&autoLogAppEvents=1"; fjs.parentNode.insertBefore( js, fjs );
window.fbAsyncInit = function () { FB.init( { appId: '348280475330978', autoLogAppEvents: true, xfbml: true, version: 'v3.0' } ); };
}( document, 'script', 'facebook-jssdk' ));


