Почетна ЕкономијаПразнична атмосфера во Крива Паланка: Градот блесна во новогодишно руво

Празнична атмосфера во Крива Паланка: Градот блесна во новогодишно руво

од nenad
1 минути читај за

„Блескава новогодишна атмосфера го осветли градот, за нови насмевки, радост и незаборавни моменти во пресрет на највеселите празнични денови што претстојат.“„Детски радосни лица, исполнети со среќа, срца и мигови за паметење – за тоа сме тука, и ние во општината, но и нашинците на кои при срце им е татковината“ – рече градоначалникот Сашко Митовски.

  

„Нека сјајот во детските очи и убавата енергија во мислите на граѓаните бидат единствена слика на нашата убава Крива Паланка. Секогаш работиме со срце за Крива Паланка“ – пишуваат од општината.

  

Градоначалникот Митовски им се заблагодари на сите компании и личности кои донираа средства за да се оствари оваа замисла, без притоа да се издвојат средства од општинскиот буџет.