Почетна МакедонијаТетово завиено во чад, смрди во градот и низ цел Полог

Тетово завиено во чад, смрди во градот и низ цел Полог

од nenad
1 минути читај за

Смрдеа на изгорено денеска наутро ги разбуди тетовци. Зачадено е цело Тетово, па дел од жителите помислиле дека некаде избувнал пожар. Според состојбата на терен, движење на отворено не е препорачливо зашто тешко се дише.

   

Тетовци коментираат дека ова е најсилната смрдеа на изгорено што ја почувствувале летово, зашто слично зачадување се случува често. Најсилно се чувствува рано наутро, но продолжува и во текот на денот.

„Кога се разбудив утрово се ипаничив мислејќи дека нешто гори кај мене дома. Подотворен ми беше само еден прозорец. Кога ја подадов главата надвор, ме ‘удри’ силна смрдеа на изгорено, па сфатив дека нема пожар кај мене дома, туку во чад е цел град“ изјави жител на Тетово за „360 степени“.

Тетовскиот портал „Тетово инфо“ објави видео снимено утрото на тетовското Кале од каде што се гледа дека во смог е обвиен голем дел од Полошката Котлина.

коментираат дека почувствувале главоболка, нагон за повраќање и вртоглавици. Некои велат дека секое утро смрди на запален отпад. „На Тетово не му требаат знамиња, туку воздух“, се жалат мештаните.

Жител на Општина Јегуновце, која долго време ја загадуваше „Југохром“, комбинат кој сега не работи, иронично бара „клуч“ да му се стави на Тетово.

„Да се затвори Тетово, под итно, нас ваму во Општина Јегуновце нè удави – главоболки, кашлање, вртоглавици… Нè удави. Под итно ‘клучот’ или нека стави филтри“ е неговиот коментар.

Тетовци бараат одговорност од надлежните.