Почетна МакедонијаВјоса Османи: Израел е подготвен да ги укине визите за граѓаните на Косово

Вјоса Османи: Израел е подготвен да ги укине визите за граѓаните на Косово

од nenad
1 минути читај за
Во соопштението од кабинетот на претседателката на Косово, се наведува дека на средбата со амбасадорката Тамара Зив било разговарано за „соработка меѓу двете земји како и за меѓудржавни договори во различни области, чие потпишување се очекува наскоро“.

„Амбасадорката Зив ја информираше претседателката Османи дека по нејзиното барање до израелските институции, Владата на Израел изразила согласност за одобрување на договорот за укинување на визите за граѓаните на Косово“, се додава во соопштението.

   

Нагласено е дека во оваа насока двете надлежни министерства ќе продолжат со процедурите за потпишување на договорот, за што граѓаните ќе бидат информирани веднаш штом одлуката стапи во сила.Со овој договор граѓаните на Косово ќе можат безвизно да патуваат во Израел за туристички цели.