Испливаа скандалозни деталиПејачката наводно му се налутила на Јованчевиќ затоа што неодамна одбил да се сретне со неа и да ѝ помогне со документите за децата, кои ги барале од нивното училиште!Тања Савиќ една година се бореше да ги врати синовите кои нејзиниот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ ги одвел во Австралија.Како што пренесуваат српските медиуми, пејачката одлучила да му зададе удар на сопругот кога дознала дека Душан има нова девојка и поради тоа нема да дозволи децата да одат кај него.Имено, Тања му наводно е лута на Јованчевиќ бидејќи неодамна не сакал да се сретне со неа и да ѝ помогне околу документите за децата, кои ги барале од нивното училиште.На Тања ѝ беа потребни информации за синовите Максим и Ѓорѓе, а Душан не сакаше ништо да ѝ испрати. Имаше ситуација кога училиштето побара извод од матичната книга на родените на англиски јазик, бидејќи тие се родени таму, а Јованчевиќ не сакаше да ѝ одговори на пораките. Тања преку синовите дозна дека Душан веќе некое време има друга жена, дека се среќни и дека таа се вселила кај него. Тоа ѝ ја разбуди суетата, па му порача дека последната порака што ја добил од неа е заради децата и дека повеќе нема да ги види. Тања му пиша: „Кога треба да им помогнеш на децата, не си тука да одговориш. Тие никогаш повеќе нема да дојдат! Не сакам да ја гледаат твојата швалерка во станот“ Засега сѐ остана на тоа – вели изворот. Поврзани објавиИнаку, Савиќ неодамна изјави дека до неодамна работела на воспоставување подобар контакт со Душан, но тоа не ѝ успеало.Моите синови се разбираат со него и навистина немам никаков проблем секогаш да биде така. Тој е нивниот татко, секогаш ќе биде и тие треба да бидат слушнати. Едноставно, би сакала да стапам во комуникација со него, но негова одлука е да не комуницираме, не знам од која причина. Се обидов да стапам во контакт, но никогаш не добив одговор – изјави неодамна фолк-пејачката.
Тања Савиќ му забранува на бившиот да ги гледа синовите? – Убавина и здравје
102