Почетна МакедонијаЦУК информира дека вчера се изгаснати 18 пожари во земјава

ЦУК информира дека вчера се изгаснати 18 пожари во земјава

од nenad
1 минути читај за

Вчера биле изгаснати и пожари во село Радуша во Општина Сарај, на ул. „Скупи” во Општина Карпош, во парк шума Гази Баба во Општина Гази Баба, во село Трап во Општина Битола, во село Могила во Општина Могила, во село Д. Бела Црква во Општина Ресен, во село Ораовица во Општина Радовиш, на местото Овчка Река во Општина Кавадарци, во село Росоман во Општина Росоман, во село Желино во Општина Желино, во село Крлански Мост во Општина Виница, како и во село Бериково во Општина Кичево.

   

Од ЦУК информираат дека е локализиран пожарот во селата Соколарци и Жиганци во Општина Чешиново – Облешево, каде гори ниска вегетација нискостеблеста шума.
Противпожарните екипи успеаја да го стават по контрола пожарот кај селото Соколарци, во Општина Чешиново – Облешево.