Сите повредени во несреќата се пренесени во Ургетниот центар во Белград за понатамошно лекување, соопштиле оттаму.
Како што пренесува Н1, станува збор за деветмина патници и возачот на трамвајот.„Имаме десетина повредени лица, уште една наша екипа е на самото место. Укажана е помош на двајца пациенти со тешки повреди, според протоколот за трауми и тие се пренесени во Ургентниот центар, за понатамашна дијагностика и лекување. Во Ургентниот центар се пренесени и сите други повредени патници за дијагноза и лекување“ вели за РТС д-р Бојана Аќимовиќ од Итната помош на ургентното одделение на белградската болница.
На местото на сообраќајната несреќа интевенирале четири екипи на Брзата помош и полицијата.Сообраќајната несреќа се случила околу 6 часот утрово.Како што јавува репортерот на Н1, по несреќата, патниот сообраќај во овој дел на градот во ниту еден момент не бил во прекин, а трамвајскиот сообраќај бил нормализиран околу 7:30 часот.Истрагата допрва треба да ги утврди причините за несреќата