Table of Contents
Поранешниот врховен командант на НАТО за Европа, Џејмс Ставридис, предупреди дека кризата во Нигер може да доведе до „сеопфатна војна во Африка“.
Воен извор изјави за Си-Ен-Ен дека армијата на Нигер донела конвој од околу 40 пикап камиони од други делови на земјата во неделата навечер.
Затворен воздушниот простор
Водачите на воениот удар во Нигер го затворија воздушниот простор на земјата и донесоа засилување откако западноафриканската група земји (Ecowas), предупреди дека ќе употреби сила доколку претседателот Мохамед Базум не биде вратен на власт.
Базум беше уапсен на 26 јули, а генералот Абдурахман Тчиани, командант на претседателската гарда, се прогласи за нов лидер, што наиде на осуда од лидерите од Африка, Франција, Европската Унија и САД.
САД евакуираа дел од персоналот од својата амбасада во главниот град на Нигер, Ниамеј, додека околу 1.000 американски војници стационирани во земјата беа ограничени во нивните бази. Американскиот државен секретар во петокот рече дека одредени програми за странска помош за владата на Нигер привремено се суспендирани.
Ecowas (Економска заедница на западноафриканските држави) е регионален трговски блок од 15 земји, вклучувајќи ги Нигерија, Сенегал, Того и Гана, кои поставија ултиматум барајќи од генералите да ја предадат власта до полноќ во неделата.
„Странска сила“ подготвува напад врз земјата
По кризниот состанок во петокот, комесарот за политички прашања, мир и безбедност на Ecowas, Абдел-Фатау Мусах, рече дека тие „направиле планови за интервенција“, кои вклучуваат „како и кога ќе распоредиме сили“.
Сепак, претставник на нигерската хунта рече дека имаат информации дека „странска сила“ подготвува напад врз земјата. Во меѓувреме, илјадници поддржувачи на воениот удар се собраа на стадионот во главниот град Ниамеј.
Двете соседни земји на Нигер, Буркина Фасо и Мали, кои исто така неодамна организираа воени удари, претходно предупредија дека секоја надворешна воена интервенција во Нигер ќе ја третираат „како објава на војна“ против нив.
Нигер игра клучна улога во борбата на Западот против исламистичките милитанти во Сахел, како и во трговијата со луѓе.
Нигериско ураниумско богатство и улогата на Франција
Кризата претставува значаен проблем за Франција, која може да загуби воен партнер во регионот и пристап до 30% од ураниумот, кој ѝ е потребен за производство на нуклеарна енергија.
– Нигериското ураниумско богатство се развива преку заеднички потфати меѓу владата на Нигер и француската државна фирма за ураниум, и тие договори не можат лесно да се откажат – изјави Роберт Беселинг, извршен директор на компанијата за безбедност и разузнавање Пангеа-Риск за Њусвик.
Според Беселинг, прашањето е дали Нигер сигурно ќе го изгуби пристапот до фондовите на Меѓународниот монетарен фонд, буџетската поддршка и обемните инвестициски обврски, доколку се откажат француските рударски договори. Иако, како што посочува, операциите на нафтениот сектор започнати од Кина веројатно нема да бидат засегнати.
Во својата проценка по пучот, Пангеа-Риск посочува дека опозициската коалиција М62 најверојатно стои зад антифранцуските демонстрации во Нигер.
Тие беа поддржани и од УАСН, Коалиција од 14 синдикати – која ги повика сите француски фирми да го напуштат Нигер и сите странски воени бази во земјата да бидат затворени.
„Доколку новата хунта цврсто не ја преземе власта во наредните денови, политичкиот вакуум ќе ја зголеми веројатноста за судири и избувнување на пошироки немири“ – се вели во нивната проценка.
Сојузништво со Русија и присуство на „Вагнер“
Немирите ги зголемија стравувањата дека хунтата може да бара промена во сојузништвото со Русија, вклучително и вмешаност на групата платеници Вагнер, чиј лидер Евгениј Пригожин го поздрави потегот против француските „колонизатори“.
– Владата на Русија, и по аналогија руските приватни воени фирми, дефинитивно ќе се обидат да воспостават контакт со новата хунта во Нигер, со оглед на стратешките ресурси и важноста на земјата како западен партнер во борбата против тероризмот и контролата на имиграцијата – истакнува Беселинг, иако тој не верува дека тоа ќе значи приближување на „прокси војната“ на Русија со Западот.
Терминот прокси војна значи вооружен конфликт помеѓу две држави или недржавни актери кои дејствуваат на поттик или во име на други страни кои не се директно вклучени во непријателствата. За да може одреден конфликт да се смета за прокси војна, мора да постои директна, долгорочна врска помеѓу надворешните актери и вклучените воинствени страни.
var penciCommentCallback = function ( response ) { jQuery.ajax( { type: 'GET', dataType: 'json', url: 'https://maktel.mk/wp-admin/admin-ajax.php', data: { action: 'penci_clear_fbcomments', post_id: '' } } ) };
FB.Event.subscribe( 'comment.create', penciCommentCallback ); FB.Event.subscribe( 'comment.remove', penciCommentCallback ); }; (function ( d, s, id ) { var js, fjs = d.getElementsByTagName( s )[0]; if ( d.getElementById( id ) ) { return; } js = d.createElement( s ); js.id = id; js.src="https://connect.facebook.net/en_US/sdk.js#xfbml=1&version=v3.0&appId=348280475330978&autoLogAppEvents=1"; fjs.parentNode.insertBefore( js, fjs );
window.fbAsyncInit = function () { FB.init( { appId: '348280475330978', autoLogAppEvents: true, xfbml: true, version: 'v3.0' } ); };
}( document, 'script', 'facebook-jssdk' ));


